| четврток, 6 декември 2018 |

Лавров: Следниот шеф на ОН треба да биде од источна Европа

Русија смета дека следниот генерален секретар на Обединетите нации треба да биде претставник од источна Европа, рече денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

-Бан Ки-мун, кого го почитуваме и со кого имаме добри односи, следната година го завршува својот мандат. Тој нема повторно да биде избран, во согласност со Повелбата на ОН. Треба да се обезбеди универзален и фер избор на кандидати, земајќи го во предвид географскиот принцип, рече Лавров во интервју за ТАСС.

Лавров потсети дека местото генерален секретар на ОН повеќе пати го заземале претставници на западна Европа, Азија, Африка и Јужна Америка.

-А таква регионална група, како што е источна Европа, која официјално постои во ОН, никогаш не била претставена. Таа постои од советската ера, кога се востановени четири групи – азиска, латиноамериканска, африканска, западноевропска (која, меѓудругите, ги вбројува САД, Германија и Нов Зеланд) и источноевропска, рече Лавров.

Шефот на руската дипломатија додаде и дека овие групи прво биле вопоставени не да разгледуваат одредени политички прашања, туку поефикасно да ги бираат членовите на телата на ОН, кои се ограничени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top