| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалникот на Кале се закани со пуштање на имигрантите да заминат за Британија

мигранти
Градоначалникот на францускиот град Кале, Наташа Бушар се закани дека Франција ќе им дозволи на имигрантите, стационирани околу овој град на брегот на Ламанш, да си заминат за Велика Британија, каде тие имаат намера да заминат.Во својата изјава, Бушар го критикуваше однесувањето на официјален Лондон кон сегашната мигрантска криза во тој дел од Европа и го нападна британскиот премиер Дејвид Камерон за спроведувањето на „некакви негови приватни закони“.

-Премиерот Камерон си подбива со нас, не ја почитува нашата територија и спроведува свои прописи во реонот на Кале- рекла градоначалничката Бушар, пораќувајќи и на Британците дека ако Лондон не сака да разговара за сите овие работи, тогаш Франција ќе мора да ја отвори својата граница.

Таа побарала итна средба на фрнцускиот претседател Франсоа Оланд со британскиот премиер Камерон, на која би се разговарало само за состојбите со мигрантите во регионот.

Бушар не објаснува на кои тоа „приватни закони“ мисли, кога го обвинува Камерон, но претходно таа побара од владата во Париз да се повлече од спогодбата од Ле Туке, според која имигрантската контрола при патувањето за Британија, преку Ламанш, Британците ја вршат на француската страна, кај Кале (или Данкерк), додека при патувањето за Франција и за Европа, Французите имигранстака контрола ја извршуваат во Довер, на британскиот брег од Каналот.

Околу три илјади имигранти од Африка и Блискиот Исток се сместени во импровизирани логори, околу Кале и се обидуваат илегално да се префрлат во Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top