Очекувате ли повеќе оргазми за време на сексот или сосема сте рамнодушни кон партнерот? Со овој тест дознајте го вашиот фактор на перфекција во сексот (ФПС)

Каков е вашиот став кон првиот сексуален однос со новиот партнер?
a) “Ајде веднаш да го направиме тоа!“
б) “Прво подобро да се запознаеме.“
в) Го покажувате целиот сексуален репертоар во една ноќ, за да посака да се врати пак, по нови задоволства.
Вашиот партнер веќе некое време не е заинтересиран за секс. Како повторно ќе ја разбудите страста?
a) Веројатно станува збор за лоша фаза, која самата ќе помине и пак ќе биде како порано.
б) Ќе го опуштите со масажа, а потоа ќе го прашате што го мачи.
в) Цел ден ќе го поминете во теретана, козметички салон и фризер, а потоа ќе изнајмите филм за возрасни, ќе облечете секси долна облека и ќе го заведувате.
Долната облека секогаш мора да е компатибилна (гаќичките ускладени со градникот)?
a) Ќе изгледа како многу да се трудите за него.
б) Секогаш сакате да ги комплетирате гаќичките со градникот, но во пракса тоа го правите само на првиот состанок и на годишнината на врската.
в) Порадо би излегле од дома без долна облека, отколку да облечете гаќички и градник што не се вклопени.
Каков е вашиот став кон оргазмот?
a) Мислите дека им се случува само на другите.
б) Супер ако се случи, но ОК е и ако не се случи – под услов да постои љубов!
в) Оргазмот ви е најважен на светот!

Дали маструбирате додека сте во врска?
a) Тоа е од есенцијално значење, бидејќи поинаку не би доживеале оргазам.
б) Понекогаш. Ако сте во врска не значи дека соло-сексуалните фантазии ви се забранети.
в) Да, и тоа пред партнерот за да го возбудите.
На кој начин ставот кон сопствениот изглед влијае врз вашата сексуална желба?
a) Не влијае. Никогаш не го гасите светлото додека водите љубов.
б) Не сте подготвени на секс за време на “дебелите“ денови, но партнерот успева да ве убеди дека љубовта е најважна.
в) Ако не сте во топ-форма, порадо би апстинирале.

Кога партнерот ќе ви предложи нова, смела поза…
a) „Одзади? Не, благодарам!“
б) Ќе ја пробате. Можеби ќе откриете нешто ново, возбудливо, а ако не барем добро ќе се изнасмеете.
в) Ќе го прифатите предлогот, бидејќи сакате да експериментирате.
Ммм…мали, слатки помагала, зошто да не?
a) Не сакате да експериментирате.
б) Љубопитни сте, но се сомневате дека ќе ви се допадне.
в) Секогаш сте за експерименти во креветот. Што повеќе – тоа подобро!

Најмногу одговори под А – низок ФПС
Препуштете се!
Свесни сте дека за добар секс треба да се потрудите – од одржување на линијата и кондицијата до отворен разговор со партнерот за заедничките желби и потреби. Исто така, свесни сте и за фактот дека нема да го добиете тоа што го сакате, ако не го побарате. Ваквиот однос со партнерот е клучен фактор за задоволството во сексот. Но големи се шансите да поминувате низ различни ФПС-фази, во зависност од останатите нешта што се случуваат во вашиот живот. Луѓето често чувствуваат покачување на ФПС кога се несигурни. Ако забележувате дека вашиот партнер се оддалечил од вас, веројатно ќе бидете под притисок да вложите поголем труд и да му се доближите. Во тој случај запрашајте се дали е сексот тоа што навистина го сакате или ќе водите љубов само за повторно да се почувствувате сигурни и сакани? Во такви фази во животот искрениот разговор е најдоброто решение.
Иако не сте перфекционист, тешко ви е да се ослободите од идејата дека доживувањето на оргазмот е потврда за добар секс. Вистината е дека во сексот се работи за емотивна исполнетост, добрата комуникација и искреното уживање кога ќе го почувствувате допирот на рацете на партнерот по своето тело. Обидете се да водите љубов без да го очекувате оргазмот и научете да уживате во секој допир на партнерот, не доживувајќи го како вовед во сексуалната кулминација. И кога ќе престанете да се грижите и да го очекувате оргазмот, ќе успеете целосно да се опуштите, што е идеалната состојба да се доживее оргазам.

Најмногу одговори под Б – умерен ФПС
Истражете ги сите можности!
Вие размислувате во стилот: “зошто да облекувам секси долна облека, кога и онака веднаш ќе ја соблечам?“. Сметате дека премногу труд изгледа усилено, вештачки и лажно. На крајот на краиштата, спонтаноста и однесувањето во согласност со личната природа се главните услови за добар секс, зарем не?! Па, не секогаш.
Сите што се во долга врска треба да вложат труд за да внесат возбуда и страст во креветот. Со тек на време хормоните спласнуваат и морате повторно да ги разбудите, бидејќи верувале или не, сексот може секогаш да биде возбудлив, без разлика дали сте на почеток на врската или сте веќе долго време заедно.
Значи, не морате да бидете премногу амбициозни, па по секоја цена да пробате нова сексуална поза. Обидете се да водите љубов на вообичаениот начин, но на некое друго место (на пример, во бањата или на масата во кујната). Знајте дека трудењето околу сексот не подразбира инсталирање на стриптиз-шипка во спалната соба. Целосната посветеност на сексот подразбира труд кој гарантирано вродува со плод. Тоа може да биде нешто сосема едноставно, како “празнење“ на главата од секојдневните проблеми половина час пред сексуалниот чин. Нема ништо полошо од тоа среде оралниот секс да се присетите дека не сте ја платиле телефонската сметка! Легнете на креветот сосема голи и уживајте во чувството што ви го дава допирот на постелнината по голата кожа. Или слушајте ја музиката што ви ја зголемува сензуалноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


