| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Киро Урдин во САД

Во галеријата „Ем Си“ во Њјујорк, под наслов „Една уметност“ е отворена изложба на македонскиот уметник Киро Урдин.

kiro-urdin630

 

Куратор е историчарот на уметноста Јане Теохаревски, кој посочува дека насловот на изложбата е извлечен од познатата сентенца на Урдин „една уметност секаде, секоја уметност во една“ – со која тој го објаснува своето кредо во рамките на уметничкиот правец „Планетаризам“.

Изложбата ќе биде отворена до 29 август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top