| четврток, 6 декември 2018 |

Со концерт на Калиопи ќе почне „Културно лето Карпош 2015“

Со солистички концерт на Калиопи утревечер на плоштадот „Делфина“ во Влае ќе почне „Културно лето Карпош 2015“.

На денешната прес-конференција претседателот на Советот на општина Карпош Сашо Лазаровски информира дека на осмото „Карпошово културно лето“ ќе има повеќе настани, како музика, театарски претстави и ликовни хепенинзи. Сите настани се бесплатни. Концертите ќе се одржуваат во ТЦ Карпош 3 или „Лептокарија“, плоштадот „Делфина“, Алпинистичката карпа, Амфитеатарот на кејот на Вардар и плоштадот кај Млечен ресторан.

Годинава слоганот е „Од Карпош за Карпош“. Според програмата ќе настапат групата Никеја, Игор Гуру Харе, Ристо Самарџиев, Благоја Груевски, Даниел Кајмаковски, Боби Мојсовски, Давид Темелков…

Манифестацијата ќе заврши на 31 август со изложба на уметнички дела што ќе произлезат од Акварелниот симпозиум. Ќе има гости од Јордан, Турција, Молдавија, од соседните држави, како и домашни академски сликари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top