| четврток, 6 декември 2018 |

Членовите на Специјална олимпијада на Македонија се сретнаа со премиерот Груевски

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски денеска се сретна со членовите на Специјалната олимпијада Македонија кои учествуваа на последните Летни олимписки игри што се одржаа во Соединетите Американски Држави.

jule so premierot

Јулијана Петровска освои златен медал во атлетика

 

 

Членовите од Специјална Олимпијада Македонија од 25 јули до 2 авуст учествуваа на ЛОИ во Лос Анџелес и освоија десет медали.

unnamed

specijalna olimpijada na priem vo vlada1

specijalna olimpijada na priem vo vlada

Членовите на Специјална олимпијада се натпреваруваа во атлетика, пливање, пинг-понг и јунифајд кошарка. Медали во атлетика освоија: Јулијана Петровска – злато на 100 метри, Ајвази Себат – сребро 200 и 400 метри, Албан Бајрамовски – сребро на 400 метри. Во пливање Марио Мицковски – злато 25 метри слободен стил, Стефан Трпковски – бронза 25 метри слободен стил, Јована Павловиќ – бронза 50 метри пливање слободен стил. Во пинг-понг Фатиме Бељур и Давид Стојановски освоија бронза, а тимот во кошарк, унифајд тим – сребро.

На Игрите во Лос Анџелес учествуваа 7.000 атлети и 3.000 тренери од 177 земји и се натпреваруваа во 25 Олимписки спортови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top