| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографии од физичката пресметка меѓу емигрантите во Гевгелија

Камења, мотики, стапови, ножеви – борба меѓу емигрантите за да дојдат до место во возот што патува од Гевгелија до Табановце. Денеска се случи тепачка меѓу нив, а причина е насобраниот огромен број емигранти, наспроти малиот капацитет на возовите. Тие се немилосрдни кога се работи за слободно место во еден од вагониот. Фоторепортерот на „Република“ беше на железничката страница, каде што ја документраше физичката пресметка меѓу тие што кои бегаат од Сирија, Ирак, Авганистан, Сомалија и бараат спас во европските земји.

Според репортерот на „Република“, повеќе од илјада емигранти се тепале за место во возот, кој требало да тргне околу 10 часот. Полесно се повредени неколку луѓе. Во метежот е скршен и еден прозорец од возот.

Полицијата е немоќна да воспостави целосен мир и да ги спречи инцидентите меѓу самите емигранти. Бројот на полицајци во овој регион е премал во однос на тоа колку емигранти се насобрани во Гевгелија, откако нелегално ја минале границата со Грција.


ФОТО: РЕПУБЛИКА (Ѓ.Личовски)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top