| четврток, 6 декември 2018 |

Кој нè поплави?!

Ова што се слу­чи со Шип­ко­ви­ца и со окол­ни­те се­ла во зна­чи­тел­на ме­ра се дол­жи и на не­кон­тро­ли­ра­но­то се­че­ње на шу­ми­те на Шар Пла­ни­на

Чо­веч­ки­от фа­ктор е нај­го­ле­ми­от не­га­ти­вен фа­ктор. Ни­за поп­ла­ви се слу­чу­ва­ат ток­му по­ра­ди чо­ве­кот, кој при­до­нел да не­ма нор­ма­лен хи­дро­ло­шки про­цес во зем­ја­ва. Спо­ред хи­дро­ло­гот Ва­ско Сто­јов од Упра­ва­та за хи­дро­ме­те­о­ро­ло­шки ра­бо­ти , по­ра­ди неп­ла­ни­ра­ни­те град­би, се­че­ње­то на дрв­ја­та, го­ле­ми­от број па­ти­шта низ шу­ми­те, не­ис­чи­сте­ни­те ко­ри­та и ве­штач­ко­то за­др­жу­ва­ње на во­да­та за не­чии лич­ни по­тре­би се со­о­чу­ва­ме со поп­ла­ви и со че­сти из­ле­ва­ња на ре­ки­те.

Пос­лед­ни­те поп­ла­ви од по­рој­ни­те дож­до­ви што се слу­чи­ја во Те­тов­ско, во кои за­ги­наа че­ти­ри ли­ца, од кои три де­ца, се са­мо уште ед­на при­чи­на да се отво­ри те­ма­та што, всуш­ност, си пра­ви­ме са­ми на се­бе. Во поп­ла­ви­те по по­рој­ни­те дож­до­ви во те­тов­ски ре­ги­он се оште­те­ни око­лу две­сте ку­ќи , најм­но­гу во Шип­ко­ви­ца. По­ве­ќе од 80 ли­ца по­ба­ра­ле ме­ди­цин­ска по­мош – си­те жи­те­ли на Шип­ко­ви­ца, Сел­це, Џеп­чи­ште и Ма­ла Ре­чи­ца. Се тра­га по уште две ли­ца. Пр­во дош­ло до со­би­ра­ње на во­ди­те од по­рој­ни­от дожд во ед­но им­про­ви­зи­ра­но езер­це во ме­сто вед­наш над Шип­ко­ви­ца, во кое со го­ди­ни не­со­вес­ни лу­ѓе фр­ла­ле нај­раз­но­вид­но ѓу­бре. На­бр­гу по­тоа, со огром­на бр­зи­на низ стр­ми­те па­ди­ни на Шар Пла­ни­на се спу­шти­ла бу­и­ца но­сеј­ќи со се­бе и огром­ни кар­пи, те­шки по по­ве­ќе сто­ти­ци ки­ло­гра­ми, др­ве­ни труп­ци и кал.

– Не сум из­ле­гол на те­рен во Шип­ко­ви­ца, но тоа што мо­рам да го наг­ла­сам е де­ка при из­град­ба­та на ку­ќи мо­ра да се вни­ма­ва да не се гра­ди во су­во­до­ли­ца. Неп­лан­ско­то гра­де­ње, го­ле­ми­от ур­ба­ни­стич­ки бран не оди во за­шти­та на лу­ѓе­то од ва­кви нез­го­ди. На­про­тив, при­до­не­су­ва тие да се слу­чу­ва­ат – ко­мен­ти­ра Сто­јов.

По­крај неп­лан­ско­то гра­де­ње и пре­се­кот на зем­ја­та, вли­ја­ние има и не­кон­тро­ли­ра­но­то се­че­ње на дрв­ја­та. Кра­де­ње­то дрв­ја, ка­ко и се­че­ње­то на дрв­ја­та и за­се­ци­те што се пра­ват за па­ти­шта­та низ шу­ми­те, по кои, глав­но, се дви­жат ка­ми­о­ни­те што пре­ве­зу­ва­ат дрва, до­пол­ни­тел­но при­до­не­су­ва­ат за по­рој­ни поп­ла­ви. Тие па­ти­шта се но­ви ка­на­ли по кои се дви­жи во­да­та, ме­сто да се впие во зем­ја. Та­ка во­да­та пре­ра­но из­ле­гу­ва на по­вр­ши­на и се спу­шта мно­гу бр­зо по са­ми­от пат.

– Ова што се слу­чи со Шип­ко­ви­ца и со окол­ни­те се­ла во зна­чи­тел­на ме­ра се дол­жи и на не­кон­тро­ли­ра­но­то се­че­ње на шу­ми­те на Шар Пла­ни­на. Тре­ба се­га да се за­пре тоа, да се поч­не со по­шу­му­ва­ње на го­ли­ни­те. По­треб­но е да се поч­не и со рас­чи­сту­ва­ње на од­вод­ни­те ка­на­ли – ве­ли Ба­јрам Ре­џе­пи, жи­тел на шарп­ла­нин­ско­то се­ло Сел­це и ко­ор­ди­на­тор на со­вет­нич­ка­та гру­па на ДУИ во Со­ве­тот на Оп­шти­на Те­то­во.

Сто­јов ко­мен­ти­ра де­ка при пра­ве­ње­то на пла­но­ви­те за град­ба во­оп­што не се во­ди сме­тка за во­да­та и за неј­зи­ни­от пад. Гра­де­ње­то тре­ба да се сле­ди со отво­ре­ни очи, осо­бе­но ко­га се во пра­ша­ње кон­струк­ци­и­те, ко­си­ни­те, свле­чи­шта­та, под­воз­ни­ци­те и, се­ка­ко, вод­ни­те те­ко­ви.

– Се гра­ди без да се раз­мис­лу­ва за во­да­та и за неј­зи­ни­от пад. Ме­сто во­да­та по при­ро­ден пат да се впие во зем­ја­та, по­тоа да сле­дува про­цес на хи­дра­та­ци­ја и под­зем­но да исте­ку­ва, во­да­та се за­др­жу­ва на по­вр­ши­на­та. Зе­ле­ни­те по­вр­ши­ни не­ко­гаш, ка­де што зем­ја­та ја впи­ва­ла во­да­та, се­га се пре­тво­ре­ни во бе­тон. Се­га таа во­да из­ле­гу­ва на ули­ца, се по­ка­чу­ва во­до­сто­јот во пр­ви­те во­до­то­ци. Со под­зем­ни­те га­ра­жи се вли­јае и на спу­шта­ње на ни­во­то на под­зем­ни­те во­ди што во­ди до слег­ну­ва­ње на зем­ји­ште­то, што, пак, вли­јае на ста­бил­но­ста на те­ме­ли­те на ку­ќи­те. Се ур­ба­ни­зи­ра­ат сре­ди­ни без да се во­ди сме­тка за во­да­та, се по­ја­ву­ва­ат ур­ба­ни поп­ла­ви, кои ни се слу­чу­ва­ат и во Скоп­је. Мо­ра во­да­та да се за­др­жи во гор­ни­те те­ко­ви – ко­мен­ти­ра Сто­јов.

Проб­лем се и не­чи­сти­те ко­ри­та – по­втор­но чо­веч­ки фа­ктор. На­си­пи на ко­ри­та­та, буј­на ве­ге­та­ци­ја, не­ис­чи­сте­ни про­фи­ли кај мо­сто­ви­те, не­ре­ше­ни­от проб­лем со от­па­дот , фр­ла­ње­то ѓу­бре во ре­ки­те од стра­на на лу­ѓе­то – ова е и нај­го­ле­ма­та при­чи­на за ло­кал­ни­те поп­ла­ви во из­ми­на­ти­те го­ди­ни.

tema153-2

 

По­рој­ни­те поп­ла­ви днев­но но­сат по 14 жр­тви

Пос­лед­на­та поп­ла­ва во Шип­ко­ви­ца е по­рој­на поп­ла­ва. Кај поп­ла­ви­те на го­ле­ми­те ре­ки ма­ла е опас­но­ста од жр­тви. Но кај по­рој­ни­те поп­ла­ви во­да­та ури­ва сѐ пред се­бе. Но­си мно­гу жр­тви, од кои 50 про­цен­ти се де­ца, кои не­ма­ат вре­ме да ре­а­ги­ра­ат. Про­сеч­но, на свет­ско ни­во, днев­но има по 14 жр­тви од по­рој­ни поп­ла­ви, од кои по­ве­ќе од по­ло­ви­на се де­ца.

Во Ма­ке­до­ни­ја по­се­бен проб­лем прет­ста­ву­ва­ат по­рој­ни­те поп­ла­ви што се пос­ле­ди­ца на кра­тко­трај­ни ин­тен­зив­ни вр­не­жи, на­ста­на­ти ка­ко пос­ле­ди­ца на спе­ци­фич­ни ат­мо­сфер­ски ус­ло­ви, по­себ­но во лет­ни­от пер­и­од. Та­кви­те кра­тко­трај­ни бу­ри мо­жат да би­дат при­чи­на за ло­кал­ни кра­тко­трај­ни поп­ла­ви, кои на­не­су­ва­ат го­ле­ми ма­те­ри­јал­ни ште­ти, по­себ­но ако се за­фа­те­ни по­го­ле­ми ур­ба­ни сре­ди­ни. Во по­рој­ни­те поп­ла­ви од 1995 го­ди­на вкуп­ни­те ди­рект­ни ште­ти из­не­су­ваа 2,930 ми­ли­о­ни де­на­ри – ве­ли Сте­вко Сте­фа­но­ски, ра­ко­во­ди­тел на Се­кто­рот за ана­ли­ти­ка, про­це­ни и стра­те­ги­ско пла­ни­ра­ње во Цен­та­рот за упра­ву­ва­ње кри­зи.

 

tema153-3

Нај­го­ле­ми­те поп­ла­ви во Ма­ке­до­ни­ја

Пре­да­ни­ја­та ве­лат де­ка од Вар­дар се за­бе­ле­жа­ни поп­ла­ви во 1566 го­ди­на, 1573 го­ди­на, 1718 го­ди­на, 1748 го­ди­на. Ар­хив­ски­те по­да­то­ци од Упра­ва­та за хи­дро­ме­те­о­ро­ло­шки ра­бо­ти го­во­рат за ни­за поп­ла­ви – не­кои спо­ред пре­да­ни­ја, но за не­кои има и за­пи­си. Спо­ред за­пи­си­те, Вар­дар поп­ла­вил во 1777 го­ди­на, 1799 го­ди­на, 1800 го­ди­на, 1856 го­ди­на, 1858 го­ди­на, 1876 го­ди­на, 1878 го­ди­на, 1886 го­ди­на 1895 го­ди­на и 1897 го­ди­на. Во 20 век се спо­ме­ну­ва­ат поп­ла­ви­те во 1916 го­ди­на, 1935 го­ди­на, по­тоа поп­ла­ва­та две го­ди­ни по­доц­на, го­ле­ма­та поп­ла­ва во Скоп­је во 1962 го­ди­на, поп­ла­ва­та во ко­ја најм­но­гу на­стра­да те­тов­ски­от ре­ги­он во 1979 го­ди­на. Нај­го­лем и нај­бо­гат со во­да е вар­дар­ски­от слив. Поп­ла­ви­те на овој слив нај­че­сто се слу­чу­ва­ат ка­ко пос­ле­ди­ца на из­ле­ва­ње­то на ре­ка­та Вар­дар или на не­ко­ја од по­го­ле­ми­те при­то­ки. По­да­то­ци­те за нај­го­ле­ми­те поп­ла­ви на овој слив за­бе­ле­жа­ни во ми­на­то­то по­ка­жу­ва­ат де­ка ек­стрем­но ви­со­ки во­ди на Вар­дар се ја­ву­ва­ат со по­вра­тен пер­и­од од 39 до 40 го­ди­ни. Цик­лич­но, се­ко­ја че­ти­ри­е­сет­та го­ди­на те­ри­то­ри­ја­та на сли­вот на ре­ка­та Вар­дар се ка­ра­кте­ри­зи­ра со дол­го­трај­ни и обил­ни дож­до­ви, кои ре­зул­ти­ра­ат со ек­стрем­но ви­со­ко ни­во на во­да­та, чи­ја­што пос­ле­ди­ца се ка­та­стро­фал­ни поп­ла­ви.

Во но­ем­ври 1962 го­ди­на Скоп­је го за­фа­ти поп­ла­ва. Поп­ла­ве­ни беа око­лу 5.000 ку­ќи. Пред поп­ла­ва­та, по­рој­ни дож­до­ви па­ѓаа по­долг пер­и­од. Тој ко­бен ден, Вар­дар поч­на да се из­ле­ва и да ги поп­ла­ву­ва окол­ни­те ма­а­ла и ули­ци. Во пр­ви­от удар, нај­за­гро­зе­ни беа Ида­ди­ја, ма­а­ла­та по­крај ре­ка­та, ка­ко и пло­шта­дот со цен­та­рот на гра­дот. Си­те ули­ци око­лу цен­та­рот беа поп­ла­ве­ни.Поп­ла­ве­ни беа Офи­цер­ски­от дом, Глав­на­та по­шта, На­род­на­та бан­ка, Сто­ков­на­та ку­ќа, Ри­сти­ќе­ва­та па­ла­та, На­род­ни­от те­а­тар…. Око­лу Град­ски­от ста­ди­он се офор­ми це­ло езе­ро, ке­јот бе­ше под во­да. Ули­ца­та Цве­тан Ди­мов бе­ше пре­тво­ре­на во ре­ка. Из­би­ваа под­зем­ни­те во­ди, се из­леа ре­ка­та Се­ра­ва. На од­дел­ни ме­ста во гра­дот, во­да­та до­стиг­ну­ва­ла ни­во од 1,5 ме­тар, па ду­ри до три ме­три.

Во но­ем­ври 1979 го­ди­на се поп­ла­ви Те­то­во. Се из­леа ре­ка­та Пе­на уни­шту­вај­ќи го­лем број об­је­кти во Гор­на чар­ши­ја. За­ра­ди овоз­мо­жу­ва­ње нор­ма­лен про­ток на во­да­та, со ди­на­мит е ур­нат ста­ри­от тур­ски ка­мен мост од 16 век пред те­тов­ски­от ар­хив, поз­нат ка­ко Мост на ка­ва­зи­те. Во оваа по­рој­на поп­ла­ва во ко­ја се из­леа Пе­на, но и неј­зи­ни­те при­то­ки, бе­ше поп­ла­вен го­лем дел од Те­тов­ско.

Во 1995 го­ди­на се поп­ла­ви Не­го­тин­ско. За 165 ми­ну­ти на­вр­на­ле 175 ли­три дожд на ква­дра­тен ме­тар. Поп­ла­ва­та во кра­тки­от пер­и­од оста­ви­ла огром­ни ма­те­ри­јал­ни ште­ти, но по­ми­на­ла без чо­веч­ки жр­тви. По­крај Тем­ја­нич­ка Ре­ка има ши­рок по­јас без ку­ќи, па та­ка во­да­та што те­че­ла над­вор од ко­ри­то­то има­ла сло­бо­ден про­стор на дви­же­ње.

Во 2008 го­ди­на се поп­ла­ви­ја оп­шти­ни­те Ра­до­виш и Кон­че. По­рој­ни дож­до­ви пад­наа на ме­сто­то Су­во­до­ли­ца над Ра­до­виш, ка­де што ре­чи­си ни­ко­гаш или мно­гу ре­тко вр­не. Огром­на­та во­да на­пра­ви еден вид езе­ро пред бра­на­та на­пра­ве­на од ѓу­бре што со го­ди­ни го фр­ла­ле жи­те­ли­те на гра­дот. По по­ло­ви­на час вр­не­ње це­ло­то тоа ѓу­бре со огром­но ко­ли­чес­тво во­да се из­леа на­до­лу во гра­дот и го поп­ла­ви.  За­ги­наа две ли­ца.

Во 2010 го­ди­на на­дој­де во­да­та во Охрид­ско Езе­ро. На­дој­де­на­та во­да во езе­ро­то по­ра­ди ве­штач­ко­то за­др­жу­ва­ње не­ма­ше ка­де да се из­лее. Поп­ла­ве­ни се ку­ќи.

Ту­ка се и поп­ла­ви­те во пос­лед­ни­те три го­ди­ни. Се слу­чи го­ле­ма­та поп­ла­ва во Пе­ла­го­ни­ја ка­де што се из­леа во­да­та од ка­на­ли­те за на­вод­ну­ва­ње пред да се влее во Цр­на Ре­ка. Се слу­чи­ја поп­ла­ви во Штип­ско, Че­ши­но­во и Об­ле­ше­во, Ве­ле­шко.

Сто­јов по­тсе­ту­ва на за­че­сте­ни­те поп­ла­ви во Ку­ма­нов­ско. Ве­ли во Сре­до­рек се на­пра­ве­ни ку­ќи ме­ѓу две ре­ки. Лу­ѓе­то нав­ле­гу­ва­ат ме­ѓу две ре­ки, фр­ла­ат от­пад, ја за­гра­ду­ва­ат во­да­та за да до­би­јат по­вр­ши­на за са­де­ње. На­до­а­ѓа­ат во­ди и но­сат сѐ пред се­бе.

Пишува: Билјана Зафирова
(Текст објавен во 153. број на неделникот „Република“, 7.08.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top