Бразилскиот интернационалец од редовите на Галатасарај, Фелипе Мело ја отфрли можноста повторно да се врати во Серија А лигата и да заигра за Интер, откако синоќа реши да го продолжи договорот со турскиот гигант. Бразилецот подолго време се поврзуваше со трансфер во Милано откако тренерот на „нероаѕурите“ Роберто Манчини во Мело гледаше играч со кој ќе ја зацврсти средината на теренот.
Сепак, Мело очигледно не ја добил сумата што ја посакувал од Интер, поради што во последен момент се премисли и ја прифати понудата за тригодишен договор со Галата, вреден 2,6 милиони евра по сезона.
Роберто Манчини е очаен во потрагата по нов фудбалер од средниот ред, а откако беше одбиен од Јаја Туре и од Мело, за очекување е тренерот на Интер вниманието да го насочи кон Лукас Леива, кој сигурно летово ќе си замине од редовите на Ливерпул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент


