Македонското културно наследство во ноември годинава ќе биде претставено на два исклучително значајни меѓународни настани во Италија и во Франција.
По успешното претставување на меѓународната манифестација Берза за археолошки туризам во Пестум, Италија, во тек се активностите за повторно претставување на Република Македонија на овој значаен настан.
Во ноември 2014 година Македонија првпат на овој саем беше преставена преку Управата за заштита на културното наследство. Берзата е меѓународен настан во кој Италија и други земји, гости од цел свет, ги претставуваат своите културни богатства преку различни активности, разменувајќи искуства и презентирајќи ги најпознатите археолошки наоѓалишта, сакрални споменици и природни богатства.
Според податоците на организаторите, минатата година биле евидентирани 10.000 посетители, 130 изложувачи од 25 странски земји, 50 конференции и состаноци, 300 предавачи, 100 новинари и претставници од УНВТО, УНЕСКО и ИККРОМ.
На крајот од годинава, културното наследство првпат ќе биде претставено и на Меѓународниот саем за културно наследство во Париз, кој ги обединува професионалците од областа на реконструкцијата и заштитата на материјалното и нематеријалното културно наследство. Саемот се одржува во престижниот амбиент на „Карузел ду Лувр“и претставува настан од суштинско значење како збирно место за припадниците на секторот за културно наследство уште од 1994 година, стои во соопштението од Министерството за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



