Американските власти се сомневаат дека стоматолог од Оклахома заразил со ХИВ вирус и хепатит околу 7.000 пациенти.
Како што пренесува Си Ен Ен, случајот го открила здравствената инспекција, која вршела контрола на неколку стоматолошки ординации, меѓу кои и ординацијата на Скот Харингтон. Инспекторите останале вчудоневидени од тоа што го затекнале. Стоматологот не почитувал никакви процедури од областа на стоматолошките интервенции. Асистентите изведувале постапки кои требало да ги прави заболекар, а непрописно биле правени стерилизации. Хигиената била на далеку пониско ниво од дозволеното.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


