Некои луѓе се плашат од страшни приказни, други од кловнови, трети од пајаци…, но за британскиот музичар Роби Вилијамс најголем кошмар се родителските состаноци и често се извлекува со неодложна обврска во студио само за да не мора да присуствува на нив.
Популарниот пејач е татко на 3-годишната Теодора Теди Роуз и на 10-месечниот Чарлтон. Иако сака да учествува во нивното воспитување, Вилијамс одбива да оди на родителски состаноци.
Тој, едноставно, се замрзнува од страв на помислата дека ќе се најде со други родители во иста просторија, па затоа често лаже дека е зафатен.
– Или ќе испијам валиум и одам или ќе излажам дека мора да бидам во студиото. Таа лага ми помага да се извлечам од незгодни ситуации. За што воопшто имаме да разговараме? Навистина не знам за што би можеле да расправаме – објасни Вилијамс во изјава за „Мирор“.
– Не ги сакам премногу луѓето и не сакам да бидам во просторија преполна со мајки и татковци. Од тоа ми се крева косата на глава. Еднаш во градинката на Теди организираа некоја свеченост. Бев преплашен, се довери тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст