| четврток, 6 декември 2018 |

Нова теорија за падот на малезискиот авион отвора нова мистерија

maleziski avion

Малезиската новинска агенција објави нова теорија за тоа што се случило со исчезнатиот авион МХ370 по ударот.

Стручњакот Заим Ред Абдул Рахман, кој помогнал во анализирањето на податоците од сателитот на Велика Британија, набрзо по исчезнувањето на авионот во март лани, тврди дека МХ370 веројатно слетал на вода, пловел извесно време по површината и на крајот потонал речиси во еден дел.

Неговата изјава е во согласност со мислењето на другите стручњаци за судбината на авионот, чијшто дел е пронајден во јули на островот близу Мадагаскар.

Пронајдениот дел речиси сигурно припаѓа на МХ370 и според информациите добиени од него е утврдено дека авионот, веројатно, полека слетувал во вода откако останал без гориво.

Поради тоа се наведува дека бидејќи делот не е уништен, стручњаците заклучиле дека им останало малку енергија и поради тоа намерно слетале. Рахман дошол до истиот заклучок.

– Пронајдениот дел од авионот е само малку оштетен. Поради неговиот изглед, веројатно, не е одвојуван со сила од остатокот на авионот. Изгледа како убаво да отпаднал, наведува Рахман.
Тој тврди дека во случај МХ370 да паднал со голем удар, мали делови од трупот би пловеле во морето веднаш потоа.
Според тоа, пронајдениот дел во тој случај не би бил во еден дел, туку само ситни делови, додава тој.
Малезискиот авион исчезна по полетувањето од Куала Лумпур на пат за Пекинг на 8 март 2014 година, а во него имаше 239 патници и членови на екипажот.

Делот од крилото најден во јули е испратен во Франција на натамошни истражувања. Таму е потврдено дека делот припаѓа на „боинг 777“ ист тип авион како и МХ370. Потоа, недалеку од островото Реунион на почетокот на август се најдени перничиња за седишта и прозорски рамки за кои се верува дека припаѓаат на исчезнатиот авион. На францускиот остров Реунион и во Индиски Океан од понеделникот почна потрага по други делови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top