| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачи на Слога претепаа тројца играчи на Башкими, еден прободен со нож

Тројца фудбалери на Башкими биле физички нападнати ,  а еден од нив бил прободен со нож од навивачи на Слога по завршувањето на денешниот натпревар на стадионот во Чаир, јавува Курир.

Инцидентот се случил околу 18 часот на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на Слога и Башкими. Навивачите на Слога лути поради поразот на нивниот миленик влегле на теренот и физички нападнале тројца фудбалери на Башкими од кои Арген Ф. бил повреден со нож.

Истепаните фудбалери биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

Од МВР информираат дека улицата во близина на стадионот во Чаир е затворена, а се превземаат мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top