| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 25 убиени и 30 ранети во напад на ирачките авиони врз болница во Фалуџа

фалуга
Најмалку 25 лица загинаа, во поголемиот дел жени и деца, откако ирачките воено-воздухопловни сили фрлија три бомби врз болница во ирачкиот град Фалуџа, пренесе ТАСС, повикувајќи се на телевизијата Скај њуз.Триесет лица се ранети во нападот, а меѓу нив и неколку медицински работници.Бројот на жртвите и ранетите може да се зголеми.

Претпоставка е дека под урнатините на болницата се наоѓаат неколку десетици Ирачани.

На местото на нападот пристигнаа пожарникарски екипи и екипи на Брзата помош, кои на преживеаните им укажуваат помош и трагаат по затрупаните.

Нападнатата болница се наоѓа на еден од бреговите на реката Еуфрат во западното предградие на Фалуџа, во провинцијата Анбар. Таму и понатаму се водат борби меѓу ирачката армија и групата Исламска држава.

Командата на ирачките вооружени сили засега не го коментира инцидентот со нападот на болницата.

Во средината на јули ирачката Влада го прогласи почетокот на широката операција за ослободување на Анбар од контролата на ИД. Владините сили своите напади ги насочија кон Рамади и Фалуџа, но во централните региони на двата града ИД и до денеска ја зачува својата контрола.

ИД контролира околу 80 проценти од Анбар и една третина од територијата на Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top