Непознати крадци провалиле и ја ограбиле црквата „Свети Никола“ во гостиварското село Сушица, а грабежот во полициската станица во Гостивар го пријавил 58 годишниот Н.Т. кој денеска ја посетил црквата.
Од увидот било утврдено дека крадците влегле во периодот од 24 до денеска, а провалниците во црквата влегле откако скршиле еден прозорец.

По пребарувањето ја нашле металната каса во која имало околу илјада денари, пари кои ги донирале верниците. Најверојатно при излегувањето ја оштетиле и влезената врата и натписот на црквата, а го симнале и ѕвоното од камбанаријата. Металната плоча и ѕвоното биле најдени подалеку од црквата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


