| четврток, 6 декември 2018 |

Коалицијата на сириската опозиција го отфрли рускиот план за борба против ИД

General Assembly of the Syrian National Council in Doha
Коалицијата на сириската опозиција, која е главна формација на опозицијата во егзил, на средба во Москва ја отфрли идејата на Кремљ за коалиција, што ја вклучува и сириската армија, за борба против групата „Исламска држава“ во Сирија и повторно повика за симнување од власт на Башар ал Асад.Сирискиот претседател е „коренот на проблемот“, изјави лидерот на Сириската национална коалиција Халед Хоџа во интервју неколку часа пред средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Асад нема никаква улога во иднината на Сирија – истакна Хоџа.

Предлогот од Русија за широка коалиција за поефикасна борба против ИД предвидува и вклучување на сириската армија и соодветно на тоа и претседателот Башар ал Асад.

Рускиот претседател Владимир Путин, кој е традиционален сојузник на Асад, на 29 јуни ја претстави идејата за коалиција, во која ќе влезат земји како Турција, Ирак и Саудиска Арабија, како и редовната армија на Башар ал Асад, со цел поефикасна борба против џихадистите на ИД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top