Македонија ќе се претстави со голем број учесници на годинашниот Сараевски филмски фестивал кој се отвора утре.
Филмот „До балчак“ на Столе Попов на 16 август ќе ја има својата меѓународна премиера на која ќе гостуваат и дел од носителите на главните улоги, актерите Инти Шрај, Мартин Јордановски, Јордан Симонов и Драган Спасов Дац.
На меѓународниот ко-продуцентски филмски маркет „Синелинк“ меѓу 14 нови филмски проекти се и проектите „Ништо страшно“ на Димитар Банов и „Животот започнува“ на Сергеј Станојковски.
Оваа година на „Синелинк“ се востановува и награда MFA CineLink за најдобар проект во висина од 10.000 евра за развој на нов филмски проект. Оваа награда ќе ја додели Агенцијата за филм на Македонија.
На талент кампусот „Талентс Сарајево“ годинава Македонија ја претставуваат актерите Дениз Абдула и Ивана Павликовиќ, режисерите Лидија Мојсовска и Тамара Котевска, Гоце Кралевски и Марија Димитрова како продуценти и директорот на фотографија Наум Доксевски. На „Талентс Сараево“ во работилницата за пакување и презентација на филмски проекти наречен „Pack and Pitch“ ќе учествува Марија Димитрова со проектот „Сестра“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст