| четврток, 6 декември 2018 |

Во најзагадениот град во светот за пет години ќе се дише слободно

За пет години Хаифа, третиот по големина град во Израел, кој се смета за најзагаден во земјата ќе се претвори во првата „зона на чист воздух“, соопшти израелското Министерство за животна средина.

ShowImage

Хаифа во април беше во центарот на жестоката полемика, откако во извештај беше објавено дека во регионот е забележана тенденција на зголемена смртност, особено меѓу децата, што за последица има се повеќе заболувања од рак поврзани со загадениот воздух.

Целта на итниот план на Министерството за екологија, во вредност од 330 милиони шекели (86 милиони долари) е да се намалат за 80 проценти емисиите на штетни гасови од индустриските претпријатија и за 50 отсто целосното загадување на воздухот во заливот на Хаифа, во северен Израел.

Намалувањето на загадувањето од фабриките ќе се постигне со масовно користење на природен гас, како извор на еколошки чиста енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top