| четврток, 6 декември 2018 |

Македонец прегази пешак на автопатот кај Велика Плана

na-620x400

Македонец усмрти пешак на автопатот кај Велика Плана, близу Смедерево, пишува српски Курир.

Настраданото лице е маж на возраст од 50 години и од силата на ударот починал на самото место.

Несреќата се случила на автопатот Ниш-Белград, кога на несреќникот налетало возило со македонски регистарски ознаки, управувано од А.К. (35) и го усмртил на самото место.

Сообраќајот се одвива отежнато на оваа делница од автопатот.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top