| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешните европски прваци станаа махери за „кец во два“ и „два во кец“

Црвена Звезда е поранешен европски и светски првак, а моментно се махери за пресврти или популарно со обложувачки речник мајстори за „кец во два“ и „два во кец“.

И вчера во петтото коло од Првата српска лига белграѓани одиграа со пресврт и победија со 3-1, откако губеа со 0-1 по првото полувреме против Чукарички.

zvezda

Подвизи или не, резултатите на Црвена Звезда се под лупата на Интерпол и на УЕФА, а беше најавена истрага за евентуално местење по чудниот меч со ОФК Београд во првото коло. Тогаш од 0-2 „црвено-белите“ постигнаа 6 гола во вториот дел и победија со 6-2. Потоа следуваше реми без голови со Металац, па неуспешен пресврт со Раднички Ниш, од 0-1 до 1-1 со промашен пенал во 90. минута и уште два комплетни пресврти. Со Вождовац на гости и нов фудбалски пресврт од 1-2 до 3-2, до овој вчера со Чукарички.

Чудни резултати за клуб со огромна традиција и со титула европски и светски првак од Бари и Токио на почетокот на деведесеттите години од минатиот век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top