Туристите што одморале во луксузен ресорт на турското крајбрежје во Исмелер, летувалиште кај Мармарис, преживеале шок и пекол, кога вработените решиле несолено да се пошегуваат со нив. Облечени во арапски алишта, со пластични пушки и пиштоли и канти со „бензин“, тие им влетале на туристите што лежеле покрај базенот.
Симулирајќи им терористички напад од ИСИС, почнале да викаат, а еден Британец и го потуриле со „бензин“ закајнувајќи се дека ќе го запалат. Другите преплашени, со вресоци бегале обидувајќи се да се спасат.
Туристите, поголемиот број од нив Британци, уште повеќе биле шокирани кога вработените им објасниле дека ова е дел од забавната понуда на хотелот.
Оваа безобразна шега доаѓа само 6 недели по терористичкиот напад на плажата во Тунис.
– Како можеа тоа да ни го направат? После се што се случи во Тунис, каде што загинаа десетина наши сонародници. Дали се нормални – огорчено вели еден од туристите за британските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


