Германската сојузна служба за бегалци и преселби сака и преку социјалната мрежа „Фејсбук“ да ги заплаши луѓето од западен Балкан, односно со кампања да ги одврати од намера да одат во Германија и таму да бараат азил.
Оваа служба една недела за корисниците на „Фејсбук“ од балканскиот регион ќе објавува тематски содржини за минималните шанси за добивање на статус азилант во Германија, што како што се проценува, треба да влијае за намалување на бројот на барањата за азил, јавува „Танјуг“.
– Барањата за азил од Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Македонија и Црна Гора, речиси немаат никакви шанси да бидат одобрени во Германија. Ние одбиваме 99,8 отсто барања за азил од овие земји – изјави шефот на Сојузната служба за миграции и бегалци Манфред Шмит.
Во борбата против лавина бегалци, германската држава користи и други технички достигнувања, па така Министерството за внатрешни работи објави видеозапис од неколку минути каде азилантите од балканските земји се советуваат да не доаѓаат во Германија.
Во дебата за тоа како Германија да се заштити од напливот на азиланти, посебно од Балканот, чиишто барања во 100 отсто случаи се одбиваат, Сојузната служба за миграции и азиланти најави дека 94.000 луѓе ќе бидат вратени на Балканот и дека потоа ќе им биде забранет влез во Германија.
Германија, освен видеозаписот од Министерството за внатрешн работи, се обидува и со огласи во шест најчитани весници во Албанија да го спречи бранот азиланти од оваа балканска земја и да ги предупреди дека во Германија не можат да добијат азил од економски причини.
– Само тој штоможе да докаже дека е прогонуван во својата земја, има право на заштита и престој во Германија, се вели во еден текст, упатен до Албанците што бараат азил во Германија и се истакнува дека не постои економски азил.
Се предупредува дека одбиените азиланти мора да се вратат во својата земја и дека тие што нема да се вратат доброволно ќе бидат депортирани, а по правило ќе добијат повеќегодишна забрана за влез во Германија и другите земји од шенгенскиот договор.
Германските политичари бараат и повторно воведување на визниот режим за балканските земји, како и привремена суспензија на шенгенскиот договор, т.е. повторна гранична контрола, за да се спречи или намали бранот од бегалци, пред сè, од западен Балкан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти


