| четврток, 6 декември 2018 |

Едно лице загина кај Кичево, уште едно се бори за живот

Едно лице загина, а уште едно се бори за живот поради лизгање на змјиштето предизвикано од работи на пат, дознава „Прес 24“ од полициски извори.

policija

Според информациите, денеска во 11 и 15 часот во близина на селото Бачиште при работи на пат дошло до лизгање на земјиштето што зафатило две лица. Тие итно биле префрлени во Медицинскиот центар во Кичево, каде што едниот им подлегнал на повредите.

„Второто лице, според нашите информации, се наоѓа во критична состојба и лекарите сѐ уште се борат за неговиот живот“, објави порталот.

Информацијата за „Прес 24“ ја потврди и полицијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top