Не сакам да верувам дека постојат сили во Грција што сакаат да нè испратат кон преоден заем, изјави грчкиот министер за финансии Евклид Цакалотос во воведното обраќање на денешната седница на парламентарната комисија, која одлучува за итноста на гласањето на договорот меѓу грчката Влада и кредиторите.
– Имавме цел да преговараме за нов договор. Ние ја извршивме нашата должност, и верувам дека не треба да има ниту еден кој работи за преоден кредит. Утре мора да одам на состанок на Еврогрупата, бидејќи парламентите на другите земји од еврозоната заседаваат за ова прашање, рече тој.
Цакалотос додаде дека ако нема договор на средбата на Еврогрупата, Финска нема да гласа, и Грција ќе мора да оди на преоден заем.
– Тој што сака да го преземе овој ризик нека гласа против нашето барање за забрзани постапки – рече тој.
Грчкиот министер, исто така, предупреди дека ако договорот не биде изгласан денеска, тој ќе биде принуден да го прифати решението за преоден кредит на утрешниот состанок на Еврогрупата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст