| четврток, 6 декември 2018 |

Турција демантира дека авиони од Инџирлик учествувале во нападите врз цели на ИД

islamska drzava mudzahedini

Турција ги демантира тврдењата дека во вчерашните напади на меѓународната коалиција врз позиции на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија учествувале авиони-ловци од базата Инџирлик, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

– Ниту авиони-ловци, ниту беспилотни летала, кои се наоѓаат во воената база Инџирлик, не учествуваа во вчерашните воздушни напади врз позиции на ИД во Сирија – се наведува во соопштението.

Претходно медиумите објавија дека САД вчера ги извршиле првите воздушни напади врз цели на џихадиситчката група со авиони со екипаж од базата Инџирлик во Турција.

Коалицијата предводена од САД претходно извршуваше напади со беспилотни летала.

Турција минатиот месец се согласи да и ја отстапи базата Инџирлик на коалицијата предводена од САД за напади врз ИД.

Во јули Турција првпат почна воздушни напади против милитантите во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top