| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓу емигрантите во Русија има најмалку три милиони преносители на вируси

Секој петти емигрант во Русија е носител на вирусна инфекција – туберколоза, сифилис, хепатит, сида, се вели во анализи на Министерството за здравство.

imigranti

Според „Независимаја газета“, бројот на имигрантите е речиси 15 милиони и меѓу нив има најмалку три милиони преносители на вирусни инфекции.

Имигрантите од Средна Азија (најмногубројни) не може да се лекуваат во Русија бидејќи според руските закони треба да плаќаат за здравствена услуга.

Политикологот Михаил Ремизов во изјава за весникот вели дека проблемот со болестите меѓу имигрантите во Русија е голем и се должи на слабата контрола на државата.

Од Таџикистан, Казахстан и Киргистан се договорија да се изработат специјални медицински документи за секоја имигрант или да бидат со исти права како и руските бездомници. Луѓе од ЗНД со трауматски повреди или тешки заболувања може да бидат примени во болница бесплатно најмногу три дена, наведува весникот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top