| четврток, 6 декември 2018 |

Што е малтретирање во училиште (bullying)?

 

Малтретирање е облик на агресивно однесување што трае подолго време, се повторува и е насочено кон исто лице.

Други значења на малтретирање намерно, свесно негативно постапување со намера другиот да се повреди, со намера да се предизвика заплашеност со секогаш присутна несразмерност на силата, насилникот секогаш има поголема сила од жртвата, однесување што со ништо не може да се оправда.

Малтретирање не е: еднократен инцидент што нема да се повтори, пријателска расправија, расправија или несогласување, случај или по грешка ненамерно нанесување болка, пријателско закачање, насилно решавање судир меѓу пријатели со иста сила.

Малтретирање е насилство во кое ученикот трајно и често е изложен на негативни постапки од страна на еден или повеќе ученици, кои намерно сакаат да го повредат, понижат или да го изложат на потсмев.
Видови малтретирање:
Вербално – нарекување со погрдни имиња, исмевање, омаловажување, навреди, дофрлувања;
Физичко – удирање, туркање, соборување, крадење и уништување предмети;
Социјално – озборување, избегнување, игнорирање, изолирање, ширење на лаги и гласини;
Психолошко – заканувачки погледи, гримаси, исмевање, несакани допири и коментари од сексуална природа, изнудување пари, следење, уценување;

Вербално малтретирање врз основа на етничка припадност, религии или раси, како и понижување врз основа на полот, исто така, се смета за малтретирање.

малтретирањето е широко распространет проблем. Како и кај другите облици на насилство, малтретирањето  дете и напаѓање жена, нерамнотежата на сила претставува основен фактор за разбирање на тоа што се случува. Ученик што е посилен, поагресивен, похрабар и со поголема самодоверба од просечните ученици, ги малтретира учениците што се послаби, плашливи, несклони кон одмазда. Понекогаш постарите ученици ги малтретираат помладите или новите ученици, а понекогаш за жртви се избрани ученици од различни култури или малцински групи.

Тие што малтретираат често доаѓаат од семејства во кои расправиите се решаваат на агресивен начин. Материјалната состојба не влијае значително на појавата на малтретирање. Стилот на воспитување се покажал позначаен фактор на појавата на малтретирање. Жртвите најчесто не се одмаздуваат откако се одбрани за жртва, па на тој начин се сметаат за сигурни цели во поглед на малтретирањето. Многу ученици што се малтретирани или не пријавуваат на возрасните, или многу долго чекаат пред да го направат тоа.

Што велат стручњаците за малтретирањето?
Причината за тоа се чувство на срам, страв од одмазда поради пријавување како и страв дека возрасните не можат на време или воопшто не сакаат да ја заштитат жртвата таму каде вообичаено се случува малтретирање, ходниците во училиштата, на пат во или од училиште, како и во одделението кога наставникот не е присутен. Истражувањата укажуваат на тоа дека проблемот погодува многу повеќе ученици од што се свесни родителите или наставниците.

Неодамнешно истражување во Хрватска спроведено на 23.000 ученици покажува дека 33 отсто деца навеле дека во тек на одреден период биле изложени на некој облик на насилство, често и повторувано насилство (малтретирање) истакнале 11 отсто деца од нашите основни училишта.

(УНИЦЕФ)
Присутноста на возрасните битно го намалува малтретирањето

Насилниците и жртвите имаат послаби оценки од просекот
Разликите или посебностите во изгледот не влијаат на малтретирањето

Истражувањата во други земји покажуваат, а потврдено е и во Хрватска, дека многу места во селата или градовите, регионалните училишта, големината на училиштата како ни бројот на децата во одделението, не претставуваат важни фактори во предвидување на појавата на насилство.

Бројот на учениците кои пријавуваат дека се жртви на малтретирање, се намалува со возраста. Значи, ако децата се постари ретко се обраќаат за помош.

Бидејќи е чест случај младите ученици да се жртви на тие од повисоките одделенија, согледувањето на проблемот треба да почне од млада возраст, но исто така треба упорно да се поттикнуваат постарите ученици на согледување на сериозноста на проблемот и пријавување на насилство.

Разлики меѓу девојчињата и машките

Машките почесто кажуваат на некого дека се малтретирани. Кај машките малтретирањето е најчесто физичко, болно и лесно се забележува. Затоа не е чудно што машките на сите возрасти почесто пријавуваат малтретирање од девојчињата, кои се во помал процент жртви на такво малтретирање.

Машките вршат директно малтретирање т.е. малтретирање што вклучува директни физички или вербални напади.

Девојчињата многу често се на удар на малтретирање од страна на машките отколку обратно, т.е. девојчињата поретко ги малтретираат машките.

Машките се почесто се чинители и жртви на агресивно физичко и вербално малтретирање од страна на врсниците. Имено, машките почесто од девојчињата се впуштаат во насилничко однесување, па поголема е веројатноста дека меѓу жртвите, но и насилниците да најдеме машки.

Поголема е веројатноста дека девојчињата ќе применат недиректни, префинети, општествени средства за да вознемируваат друго девојче. Најчесто однесување од ваков тип се исклучување од истиот круг на пријателки, манипулирање со пријателските односи, ширење на злобни озборувања, лажење, итн.

Меѓутоа, машките и девојчињата еднакво се соочени со проблемот на општествената непопуларност. Причина за тоа е што во општеството е еднаков бројот на тие момчиња и девојчиња што другите ученици не ги симпатизираат, па времето кога е одмор го поминуваат сами. Сепак, непопуларноста не значи истовремено и намерно исклучување и општествено малтретирање.

Психички малтретираат (заканувачки погледи, гримаси, изнудување, следење, уценување) еднакво и машките и девојчињата.
Кои се последиците?

Последиците од малтретирањето се сериозни за сите три учесници на насилството: за жртвата, за насилникот и за сведоците. Нема поштедени:

Жртви на малтретирање се:

Несреќни деца што страдаат од анксиозност и нервоза, имаат ниска самодоверба, која останува и во раните младешки години, се обидуваат да го избегнуваат училиштето и дружењето, потиштеноста им е поголема во однос на врсниците.

Некои жртви на малтретирање се толку вознемирени што вршат или се обидуваат да извршат самоубиство. Неколку случаи на самоубиства од страна на момчиња што биле сериозно малтретирани се појавиле во Норвешка во раните 80-ти години од минатиот век. Тие трагични настани доведоа до тоа, таа земја да поведе голема национална програма против насилството. Колку побрзо се спречи малтретирањето, толку е подобро за жртвата. Колку малтретирањето е подолготрајно, веројатноста од долгорочни последици е поголема. Некои последици од статистичките податоци:

20 отсто жртви не се редовни на училиште за да избегнат малтретирање

29 отсто имаат проблеми со концентрацијата

22 отсто чувствуваат симпотими на физичка болест

20 отсто имаат проблеми со спиењето

Одреден процент на жртви се обидуваат или прават самоубиство (16 случаи годишно во Велика Британија).

Исто така, важно е да се препознаат сериозните долгорочни последици, кои се однесуваат на тие што ги малтретираат:
Склони се да станат агресивни возрасни луѓе
Почесто од своите врсници судски се казнувани

Родители, запознајте се со малтретирањето и запознајте ги своите деца со овој облик на насилство:
Помогнете им да го избегнат малтретирањето и да побараат помош од постарите ако забележат малтретирање во својата околина!

(roda.hr)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top