| четврток, 6 декември 2018 |

Петчлено семејство во Лондон уапсено за тероризам

Пет членови на едно семејство од Лондон, се уапсени денеска под сомнение за вмешаност во терористичка активност, соопшти Скотланд Јард.

skotland-jard_660x330

Во акцијата на полицијата уапсени се маж на 51 годишна возарст, 53 годишна жена и три млади девојки, на возраст од 16, 17 и 19 години. Сите се уапсени за поседување информации, што најверојатно требало да ги користи лице, за да изврши или за да подготви терористички напад.

Во полициското соопштение се вели дека сите петмина се задржани во притвор.

Човекот за кого се верува дека чувани информациите, исто така, е уапсен во денешната полициска акција. Тој е обвинет за поседување документи со лажен идентитет.

Според полицијата, уапсената 16 годишна девојка веќе еднаш била уапсена минатиот месец, но биле ослободена да се брани од слобода, до следното сослушување во септемвври.

И во првото апсење и во денешното, таа е осомничена за учество во подготвување на терористички напади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top