| четврток, 6 декември 2018 |

Не се штедат веќе долари и евра, сега други валути се „ин“

Последните неколку години австралискиот и новозеландскиот долар се наоѓаат на пописот на валути кои намногу губеле на вредноста.

Новозеландскиот долар во последните четири години во однос на американскиот долар загубил 25 отсто од вредноста, додека австралискиот долар во истиот период загубил дури 33 проценти од вредноста.

dolari-avstralija

Слабеењето во однос на еврото е нешто послабо, па новозеландскиот долар останал на приближно истата вредност, додека австралискиот долар ослабел 13 отсто, се наведува во анализата на Адмирал Маркетс.

Причините за слабеење на овие валути биле забавениот раст на побарувачката за суровини од Кина, која е најголем купувач на австралиската и новозеландската руда и земјоделски производи, што предизвикало забавување на економскиот раст во двете наведени земји. Поради тоа австралиската и новозеландската централна банка со години заговараа слабеење на домашните валути, со цел на тој начин да постигнат пониска цена на суровините за странските купувачи. За разлика од австралиската, новозеландската централна банка во последната година во повеќе наврати директно интервенирала на пазарот и го продавала НДЛ и така намерно му ја уривала вредноста.

Аналитичарите на Адмирал Маркетс сметаат дека промените кои ги прават централните банки се многу значајни и можат да укажат на пресврт во долгогодишниот тренд на движење на курсот на овие валути.

Австралискиот долар во наредните година до две можеби нема значително да зајакне во однос на американскиот долар, од кој исто се очекува зајакнување, но може да се засили за 5 до 10 отсто во однос на еврото, од кое пак се очекува слабеење во истиот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top