| четврток, 6 декември 2018 |

Што точно се случува кога на јадењето ќе слета мува?

Кога научниците во едно скорешно истражување ги запрашале учесниците што најмногу би ги прекинало во јадењето – лебарка, глушец, мува, мравка или змија во нивната чинија – 61 отсто од луѓето најмногу би се згадиле од лебарка.

muva
Но, научниците предупредуваат дека мувите, всушност, шират двапати повеќе микроби, особено оние кои ги гледаме во домот.

Мувите се хранат со една од најодвратните работи, како што се измет, ѓубре и мрша од животни.

Покрај тоа, бидејќи не можат да џвакаат, тие исфрлаат ензими кои ја раствораат храната, па тогаш ја смукаат.

Бактериите и вирусите се лепат за нивните тела, па затоа мувите се најчести пренесувачи на болести.

Доволно е да слетаат на вашата храна и за неколку секунди можат врз неа да истресат микроби кои се налепиле на нивните нозе.

Кога ќе ги видите како ги тријат нозете една од друга, тогаш всушност се ослободуваат од микроорганизмите.

Бидејќи тие можат да ги пренесуваат едни од најсериозните заразни болести, како што се колера, дизентерија и тифус, најдобро би било да ја одбегнувате храната врз која тие слетале, а истата добро да ја затворате и покривате кога ја оставате на отворено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top