| четврток, 6 декември 2018 |

Лидерот на албанската националистичка Алијанса нападнат со јајца и камења

Лидерот на албанската националистичка Алијанса „Црвено црни“ Крешник Спахиу, на собирот во Елбасан од две лице бил нападнат со јајца и камења, но не бил повреден, јави  МИА.

Како што јавуваат албанските медиуми, мотивите за нападот сѐ уште не се познати. За време на собирот имало обиди на двапати да биде прекинат, но ситуцијата била нормализирана по интервенција на активнистите Алијансата кои ги отстраниле од собирот двете лица.

albanci

Потврдувајќи го инцидентот, Спахиу за телевизијата „Њуз 24“ телефонски изјавил дека на 7 април Алијасата, во Тирана, ќе одржаела уште помасовен, мирен но величенствен, собир, кој ќе го означи крајот на владеењето на Бериша. „Црвено-црните“ кои од март лани се трансформираа во политички субјект познати се по острата националистичка реторика.

Тие беа против етнички попис во Албанија, а по нивно барање во декември 2011 година Уставниот суд оцени дека терминот националност во граѓанската евиденција е неуставна категорија и ги избриша малцинствата, меѓу нив и Македонците, од тој регистар. Македонците и другите малцинства побараа посредство од ОБСЕ за враќање на националноста во регистарот, а барање за тоа доставија и до сите албански државни институции и претставниците на меѓународните организации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top