| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба и поетско претставување на Јоханес Беилхарц“ во Струмица и Гевгелија

Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ го најавува гостувањето на Јоханес Беилхарц, писател, поет, преведувач, сликар и фотограф од Германија, кој во моментот живее и работи во Рим, Италија.

unnamed

Неговото претставување со изложба на фотографии и поетска презентација ќе се реализира во два града во Македонија. Првиот настан е закажуван за 13 август 2015 година (четврток), во „Саб клуб“ во Струмица, со почеток во 20 часот. Вториот настан се реализира во соработка со Дом на култура Гевгелија и ќе се случи во познатиот простор на галеријата „Амам“ на 15 август 2015 година (сабота), со почеток во 20 часот.

На настаните публиката ќе ја можноста да се запознае како со литературното творештво на Јоханец Беилхарц, така и со неговата уметничка работа како фотограф. На изложбата ќе биде претставена серија на црно бели фотографии дел од негов пообемен циклус кој го работи изминативе неколку години.

Јоханес Беилхарц е р Роден е 1956 година во Оберндорф ам Некар, Германија. Студирал англиски и романски јазици и литература на Универзитетот во Регенсбург, Германија, а потоа англиска литература и креативно пишување на Универзитетот во Колорадо,

Пишува на германски и на англиски јазик. Негови дела се застапени во најразлични изданија на англиски и германски, како антологии, списанија, интернет портали и е-списанија во САД, Германија, Австралија, Романија и Индија.

Во моментот живее во Рим, Италија и Плајзхаузен, Германија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top