| четврток, 6 декември 2018 |

Американскиот амбасадор Бејли во посета на Струга

Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли денеска ја посети општина Струга и имаше средба со градоначалникот Зијадин Села.

На средбата, како што информира градоначалникот Села, било разговарано за Струга, стружани и проблемите со кои се соочува градот, но и за инвестициите.
Амбасадорот Бејли изрази задоволство од, како што рече, неговата прва посета на Струга и изрази задоволство од соработката на властите на централно и локално ниво со интернационалните компании што работат во струшкиот регион.
– Во рамките на поосетата на Струга имав чест и можност да разговарам и со неколку американски државјани кои имаат бизнис во Струга,  рече Бејли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top