| четврток, 6 декември 2018 |

Поставени два монтажни објекти за мигрантите на железничката станица Табановце

Активисти на Црвениот Крст од Скопје и Куманово, денеска поставија два од вкупно шест монтажни објекти на Железничката станица Табановце.

Migrants crossing Macedonia on their way for the western Europe countries

Монтажните објекти се наменети за престој на мигрантите кои се задржуваат на Железничката станица при нивното натамошно патување од земјите од Блискиот Исток и Северна Африка кон Србија и според нивните кажувања, кон нивната крајна дестинација, земјите од Западна Европа. Поставувањето монтажни објекти се спроведува во соработка со УНХЦР.

– Поставувањето на монтажните објекти го спроведуваат наши активисти. Се надеваме дека најдоцна до понеделник ќе бидат поставени сите монтажни објекти, вкупно шест кои ќе обезбедат пристоен престој за мигрантите кои во утринските и вечерните часови пристигнуваат на станицата, изјави секретарот на општинската организација, Иле Митковски.

Од понеделник, пак, најави Митковски, ќе бидат поставени десет тоалети, како и чешми.

– На овој начин на мигрантите им се обезбедуваат пристојни услови за неколкучасовното задржување на станицата на Табановце, додаде Митковски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top