Грција брзо ќе треба да ги приватизира своите пристаништа, регионални аеродроми и електродистрибутивната мрежа, се предвидува со меморандумот за разбирање меѓу Атина и нејзините кредитори.
Според документот на 29 страници, се очекува приходите од грчката приватизација, каде што се исклучуваат банките, да изнесува околу 6,4 милијарди евра меѓу 2015 и 2017 година, пренесува БТА.
Во меморандумот се наведуваат мерки кои треба да ги воведе грчката влада, со цел да добие нова, тригодишна финансиска помош, што се проценува на околу 85 милијарди евра.
Според договорот, Атина се ангажира да преземе „неповратни чекори“ до октомври годинава за приватизација на операторот на електродистрибутивната мрежа АДМИЕ, освен ако не биде претставен алтернативен план со истите резултати.
Датумите на јавните конкурси за пристаништата во Солун и Пиреја треба да бидат објавени до крајот на октомври.
Начинот на кој Грција ги исполнува договорените реформи со пакетот за спас на земјата, ќе бидат оценети од кредиторите во октомрви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст