Десет илјади лица беа евакуирани во најголемата аргентинска провинција Буенос Аирес, поради поројни дождови и драстично зголемување на нивото на водата во реките, што доведе до поплави.
Во природната непогода загинаа три лица. Градот Лихуан е најпогоден од дождовите и од поплавите. Лухуан се наоѓа на околу 75 километри западно од аргентинскиот главен град. Градот е популарен по католичките верници, кои секоја година го посетуваат.
Рекордните врнежи во провинцијата Буенос Аирес доведоа до зголемување за девет метри на водата во реката Аресифес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Две години од поплавите во Скопско во кои загинаа 22 лица
-
Од невидени поплави до топлотен бран – најмалку 6 починати во Јапонија



