Меѓународна мрежа на хакери и брокери со кражба остварила заработувачка од 100 милиони долари на берзите, користејќи се со упади во компјутери на новински агенции кои работат со бизнис вести, поради што е започнато обвинение против девет лица во САД, соопшти американското Министерство за правда.
Американските власти тврдат дека ова е најголемата „шема“ на кражба од ваков вид досега спроведена во САД против лица кои читале вести пред нивното објавување, а потоа користејќќи ги информациите тргувале на Волстрит.
Од 2010 година до мај оваа година хакерите имале пристап до над 150.000 информации, кои требало да ги објават сервисите за бизнис вести „Маркетвајерд“ од Торонто, „Пиар њузвајер“ од Њујорк и „Бизнисвајер“ од Сан Франциско.
Обвинетите за трговија на берзите користеле околу 800 вакви вести пред тие да бидат објавени, некогаш дури и три дена пред да излезат во јавност.
Започнати се обвиненија против девет лица во САД и во Украина, а Комисијата за хартии од вредност и берзите започнале постапка против уште 23 поединци и компании во САД, Русија, Украина, Франција, Малта и Кипар.
За најтешките точки од обвинението е предвидена казна затвор до 20 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)



