Тест-фазата од електронскиот систем за наплата на Јавното сообраќајно претпријатие е во тек, а од претпријатието сѐ уште ги испитуваат предностите и слабостите со кои се соочуваат не само тие, туку и нивните патници. Одговорните од ЈСП велат во оваа тест-фаза постепено се тестираат одредени функционалности од системот, но не конкретизираат какви проблеми откриваат бидејќи граѓаните имаат многу нејаснотии и прашања без одговор за новите картички.
Привилегирани се само највозрасните, бидејќи ним им се дава можност први и организирано да дојдат до персонализираната скопска е-картичка. За начин и постапката како да го направат тоа и да заштедат време претпријатието на средби веќе ги информираше пензионерските здруженија. Целта е и покрај правото на пензионерите да користат бесплатен превоз, со овие картички тие да се регистрираат на валидаторите во автобусите. На почетокот на учебната година персонализирани билети треба да добијат и учениците, а со почетокот на новата академска година, секако и студентите. Средношколците за бесплатен билет треба да ги исполнуваат условите пропишани од Градот, ќе добијат билет ако живеат повеќе од 2,5 километри оддалеченост од училиштето.
За персонализираните картички веќе работат билетарниците на ЈСП во периодот од 7 до 19 часот во работни денови. Картички се изработуваат во билетарниците на ЈСП, Транспортен центар, Бит-пазар, Порта Влае, во дирекцијата на ЈСП, во Центар „ЈСП Турс“ и во Аеродром. Од 20 август персонализирани картички ќе може да се вадат и во билетарниците кај Шумарски факултет и во Карпош 2, пишува „Утрински“.
– Решивме да почнеме прво со изработка на возрасната категорија на граѓани во соработка со здруженијата на пензионери во Град Скопје. По завршувањето на тест-периодот, планирано е да се почне со изработка на билетите за задолжително средно училиште преку Град Скопје, во соработка со сите училишта на територијата на Скопје.
Инаку, претпријатието почна со изработка на персонализираните картички за сите граѓани во опремените инфо-центри, кои се наоѓаат на шест локации во градот. Почетоците на оваа кампања засега даваат позитивен резултат – објаснуваат кусо од ЈСП „Скопје“.
Информираат дека по иницијатива на пензионерските здруженија им излегле в пресрет на пензионерите за организирана изработка на персонализирани картички. Целта е, велат, редуцирање на прометноста при изработката на картичките во периодот што следува. Објаснуваат дека постапката за вадење на билетите за учениците и за студентите останува иста и ќе почне во септември и информираат дека стариот систем на користење на услугите во градските автобуси ќе трае заклучно со 31 декември годинава. Притоа додаваат дека за сите нејаснотии што ги имаат граѓаните во врска со е-картичките, начинот на нивното вадење и постапката, како и за сите прашања на кои сакаат да добијат одговор ќе можат да се јават на бесплатниот телефонски број 080015115.
(Скопјеинфо)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст