Барселона стигна до нов трофеј откако синоќа во Тбилиси со голот на Педро во 115.минута ја совлада Севилја во рамките на Супер купот на УЕФА.
Но, и покрај победничкиот гол, стрелецот не беше многу расположен, бидејќи се наоѓа пред заминување од клубот.
– Секогаш ќе бидам навивач на Барселона, што и да се случи. Не е лесно кога има најави дека си заминувам. Искрено по болеста на Нејмар, бев бесен кога дознав дека ќе бидам на клупата. Не сакам да ја напуштам Барселона, но ситуацијата е компликувана. Парите не се во прашање, сакам да играм, почесто да бидам на терен. Тренерот Луис Енрике игра со други играчи, а јас долго чекам – изјави Педро за својот статус во клубот.
Според најавите пред одигрувањето на Супер купот на УЕФА во Тбилиси, Педро би требало да си замине од Барселона и тоа во Премиер лигата, а како најсериозни екипи се споменуваат Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст