Иако поминувате најмногу време во положбата во којашто сте заспале, дури и оние што речиси и не треба да го местат креветот кога ќе станат се превртуваат околу 4 пати во еден час, што во текот на ноќта значи најмалку 20 превртувања и поместувања.
На грб
Оваа положба спречува болки во вратот и грбот, спречува создавање киселини во желудникот и го минимизира создавањето брчки. Сепак, таа лоша за луѓето што ’рчат.
Совршена перница: Мека перница. Целта е да се обезбеди потпора за вратот и главата, но да не се подигнуваат премногу од подлогата за спиење.
На страна
Спиењето на страна спречува појава на болки во вратот и грбот, ги намалува киселините во желудникот и ’рчењето, а е одлично за одмор во текот на бременоста. Сепак, таа е лоша за кожата и женските гради, со оглед на тоа што придонесува за дејството на гравитацијата и во текот на сонот. (Доколку сте бремени, спијте на левата страна. Ова е идеална положба за подобра циркулација.)
Совршена перница: Анатомска перница. Едноставно мора добро да го пополните просторот над рамото, за главата да не биде надвисната. Анатомските перници обезбедуваат совршена потпора.
Фетус
Оваа положба помага при намалување на ’рчењето и овозможува удобно спиење при бременост. Но, може да доведе до појава на болки во вратот и грбот, а доведува до појава на повеќе брчки. Препорачливо е да се обидете да се исправите, барем малку, а доколку можете, со текот на времето дојдете до страничната положба.
Совршена перница: Анатомска перница. Во суштина, овде се работи за истата положба на горниот дел од телото како и кај страничната положба, па според тоа, потребна е и идентична потпора за вратот и главата.
На стомак
Во суштина, спиењето на стомак е најлошата положба што можете да ја одберете. Таа е добра за минимизирање на ’рчењето, но затоа многу често води кон појава на болки во вратот и грбот, појава на брчки, виснување на кожата и женските гради. Освен ако не ’рчите, обидете се да си најдете друга положба за спиење.
Совршена перница: Најтенката што можете да ја најдете. Ако можете, спијте и без перница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.