| четврток, 6 декември 2018 |

Трите најсрамни карактеристики на секој знак

wedding-horoscope-450
Се препознавте ли?

Овен

1.Вашето мото треба да биде – Веднаш, сега, веднаш! Вие сте ненадејни и нетрпеливи.
2.Ако не е идејата на Овнот, Овнот не се заморува со неа.
3.Може да бидете исклучително незрели.

Бик

1.Вие сте посесивни и материјалисти, па не знаете да споделувате.
2.Болно сте тврдоглави.
3.Мрзеливи сте и хедонисти.

Близнаци

1.Имате толку карактеристики што соговорниците никогаш не знаат на што се со вас.
2.Сакате да го слушате својот глас и постојано им упаѓате на другите додека зборуваат.
3.Имате толку многу хобија што на крајот кон ништо не сте посветени.

Рак

1.Постојано го менувате расположението.
2.Внимателни сте и плашливи.
3.Чувствителни сте и тешко е да се знае каква сè ситница може да ве повреди.

Лав

1.Толку многу се сакате себе си што напросто не може да им одолеете на рефлектирачките површини.
2.Ако сакате нешто, подготвени сте буквално сè да направите за тоа и да го добиете.
3.Желбата да бидете во средиштето на вниманието може да биде проблематична, бидејќи никој не сака личности кои што мислат дека се во центарот на вселената.

Девица

1.Ги осудувате сите околу себе и никогаш не знаете кога токму вие ќе им дојдете под нож.
2.Знаете да бидете големи ситничари и да им префрлате на луѓето секакви ситници.
3.Може да бидете крајно песимистични и да ги повлечете во своето негативно расположение сите околу вас.

Вага

1.Мнооогу сте неодлучни и вистински пекол е за да се направи било каков договор со вас.
2.Подложни сте да ги напуштите сопствените принципи само за да усреќите некого и да го одржите мирот.
3.Вашата фасцинираност од убавината може да значи да минувате и ненормално долго време средувајќи се.

Скорпија

1.Осветољубиви и подготвени на другите да им го загорчат животот ако биле оштетени или повредени.
2.Нивните манипулаторски способности можат сериозно да го нарушат менталното здравје.
3.Нема такво нешто за тие едноставно да се лошо расположени, туку тоа е секогаш резултат на нивната длабока мизерија.

Стрелец

1.Искрени сте до таа мера што звучите како некого да сакате едноставно да го повредите.
2.Сакате да се правите дека знаете апсолутно се.
3.Ако не правите нешто ново и возбудливо, веројатно смртно се досадувате.

Јарец

1.Толку сте опседнати со контролата што не разбирате што претставува да се опуштите.
2.Подготвени сте да ги искористите другите за свој добиток без двоумење.
3.Уживате да зборувате за негативни нешта и да се храните со негативна енергија.

Водолија

1.Сакате да мислите дека сте објективни и рационални, што напросто значи дека брзате и ги осудувате другите.
2.Сонувате и живеете во некој свој свет, па се претставувате во ладнокрвно светло.
3.Секогаш им ги нудите вашите совети на другите, но исто толку често не слушате што вашиот соговорник всушност сака да ви каже.

Риби

1.Сакате да им се препуштите на животните околности, па често ја губите и контролата над сопствениот живот
2.Често пропуштате да ги забележите потребите на другите.
3.Сосема сте наивни.

Извор: karmin.tocka.com.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top