Иако започнале да ги произведуваат како шега за први април, опстојуваат благодарение на популарноста кој ја стекнаа за кратко време. Да, станува збор за кондоми, кои вашиот пенис го претвораат во тенок слој печена сланина, а компанијата која произведе и лубрикант со вкус на сланина, се префрли на производство на овие интересни кондоми. Justin Esch, еден од основачите на компанијата J & D Foods, рекол дека за овие кондоми долго размислувал, но никогаш немал храброст да го направи тоа се до успехот на нивниот лубрикант со вкус на сланина. Меѓутоа кондомот-сланина не е единствената замисла. Тука е и мајонезот со вкус на сланина, но и бизарниот ковчег со тема сланина. Со друго зборови, тие имаат се што има врска со сланината, а не би требало да има.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.