Тајландскиот Врховен суд соопшти дека од денеска во сијамското кралство ќе почнат да функционираат посебни судови кои ќе се занимаваат со судења против трговци со луѓе, корупцијата во државната администрација и наркодилери. Одлуката за формирање посебни судови, според замислата, ќе ја направи поефикасна борбата со овие видови криминал, особено проитв организаторите на трговија со луѓе.
Одлуката е посебно мотивирана од последниот извештај на ОН за проблемите со трговија со луѓе. Во овој извештај на Светската организација Тајланд се најде на самото дно во оценката за спречувањето на државата во овде развиениот „бизнис“ на трговија со луѓе.
Тајланд беше посебно актуелен во почетокот на годинава кога на негова територија, во пограничниот појас со Малезија беа пронајдени масовни гробници со илегалци, кои имале намера од Мјанмар и Бангладеш да побараат егзистенција во Малезија. Истрагата откри дека на чело на синџирот на криминалци што транспортирале илегални емигранти бил активен генерал на тајландската армија. Тоа предизвика гнев во редовите на генералите што го организираа минатогодишниотвоен преврат и доведе до голема чистка во армиските редови.
Новина во новиот судски систем на Тајланд е и тоа што специјализираните судови имаат право и сами да преземаат истрага и наоѓаат докази, не чекајќи на традиционално бавните истражни процеси што ги водат полицијата и обвинителствата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ФИФА: Децата од Тајланд ќе одат на финалето на светското првенство во Русија
-
Запрена акцијата за спасување на децата во пештерата во Тајланд
-
Гледајте во живо: Започна акцијата за спасување на децата од пештерата: Првото дете излегува околу 14 часот, еве како учениците ќе дојдат на слобода
-
По девет дена пронајдени младите фудбалери кои исчезнаа во пештера во Тајланд (видео)



