| четврток, 6 декември 2018 |

Неексплодирана бомба од Вторатата светска војна откриена во станбен кварт во Лондон

Police patrol outside the Ecuadorian Embassy

Неексплодирана бомба од Втората светска војна е откриена доцна синоќа во станбен кварт, во источен Лондон.

Бомбата, тешка околу 220 килограми, ја откриле градежни работници кои подготвувале терен за изградба на станбена зграда во лондонската општина Бетнал Грин.

Полицијата соопшти дека веднаш повикала експерти за демонтирање бомби и мини од армијата на Велика Британија и ја блокирала целата околина.

Експертите останале крај бомбата во текот на целата ноќ, а операцијата за нејзиното безбедно извлекување и онеспособување продолжува и денеска. Полицијата и општинските власти веднаш по откривањето на бомбата евакуирале 150 лица, кои се од најблиското соседство.

На барање на воените експерти заштитната зона денеска е проширена на 200 метри, по што е наложено ново евакуирање на луѓето од околината каде што е откриена бомбата.

Сите евакуирани се сместуваат кај свои блиски и пријатели, а другиот дел во општинските центри за вонредна ситуација каде им се дели храна.

Минатиот месец бомба од слична големина, фрлена над британскиот главен град во Втората светска војна од бомбардерите на нацистичка Германија, беше откриена во западниот дел на Лондон, во густо населен кварт покрај еден голем трговски центар во кој постојано има бројни домашни и странски купувачи и посетители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top