Во Њујорк, во музејот “Институт за модна технологија“ е отворена изложба насловена како „Опсесија со чевли“ на познати модни дизајнери на чевли.
Изложбата е организирана со цел да покаже дека чевлите не се само потреба, туку и уметност, велат од Музејот.
На изложбата има 150 рала чевли на најпознатите модни куќи и дизајнери, меѓу кои се наоѓаат и чевлите кои ги дизајнираше познатата пејачка Лејди Гага. Нејзината креација ги привлекува посетителите, бидејќи потпетицата е висока неверојатни 45 сантиметри.
Големо внимание привлекуваат и чевлите на Масаја Кушин, потоа на „Шанел“ и на „Прда“. Влезот во Музејот е бесплатен, а секоја година оваа изложба ја посетуваат повеќе од 100 илјади луѓе.
Изложбата ќе трае до 13 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.