Концерти и изложби на македонски уметници ќе бидат реализирани со поддршка на Министерството за култура до крајот на годинава во двата културно-информативни центри на Република Македонија во странство, во Софија и во Њујорк.
Во КИЦ на РМ во Софија, кој оваа година одбележува десет години постоење, ќе се реализираат: заедничката изложба „Како јас, како ти?“ на Гордана Хаџи Николова Малашев, Кристина Битракова и Галина Николова, проектот „Современа македонска архитектура 10 години“ во организација на Асоцијацијата на архитектите на Македонија, изложбата „Неспокојспокој“ на уметникот Коле Манев, заедничкиот проект „Ретроспективи“ на Благоја Маневски и Јован Шумковски во организација на Националната галерија на Македонија и концерт на Ана Гацева.
Во Македонскиот културен центар во Њујорк, пак, во претстојните месеци концерти ќе имаат пијано дуото „Гелебешеви“ и Ѓорѓи Цуцковски со пијано придружба. Ќе бидат реализирани и ликовните изложби на Ивана Пирковска и на Ацо Таневски во организација на НУ Национална галерија на Македонија, проектот на Јане Теохаревски насловен „Една уметност Киро Урдин“, изложбите: „Фотографии“ на авторот Иван Блажев, „Инсталации, објекти и скулптури“ на Сашо и Пандора Саздовски, „Балкан шеипс“ на Џезаир Реџепи, Бејтула Заими и Луан Зенки, „Напуштени храмови“ на Стеван Шашков, „Колоритна метафора на бескрајот“ на Дита Старова, Зарије Амдиу и Шќипе Мехмети и „Бивајќи атмосфера, предели“ на авторката Наташа Милованчев.
Министерството за култура во Годишната програма поддржува и проекти што се реализираат во културноинформативните центри во Софија и во Њујорк, кои се од особено значење за Република Македонија бидејќи овозможуваат континуирано презентирање на културните и на уметничките дострели на нашата земја. Претставувањето на македонските уметници во центрите, меѓу другото, им овозможува да воспостават и директни контакти со своите колеги и со познатите продуцентски куќи од областа на уметноста, соопштија од Министерството за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



