Друштвото на писателите на Македонија го објави јубилејниот, сто и дваесетти број на книжевната ревија „Стожер“. Ревијата континуирано излегува 19 години како презент и афирматор на новите остварувања на македонските писатели.
Јубилејното издание на „Стожер“ донесува прилози од областа на поезијата, прозата, критиката и есеистиката од триесетина истакнати писатели од различни генерации, меѓу кои: Георги Старделов, Радован Павловски, Иван Чаповски, Раде Силјан, Ефтим Клетников, Веле Смилевски, Ресул Шабани, Божин Павловски, Стојан Тарапуза, Георги Сталев, Сеида Бегановиќ, Санде Стојчевски, Весна Мундишевска, Миле Неделкоски, Кочо Топузоски, Петре Димовски, Виолета Танчева Златева, Зоран Пејковски, Братислав Ташковски и Игор Крајчев.
Од странските писатели претставени се кинескиот поет Беи Дао, годинашен добитник на наградата „Златен венец“ на СВП, и поетот од Молдавија Николае Дабижа, добитник на наградата „Книжевен жезол“.
Во посебен оддел „Стожер“ ја одбележува 95-годишнината од раѓањето на Славко Јаневски и 75-годишнината од раѓањето на Чедо Јакимовски. Во рубриката „Портрет“ претставен е поетскиот опус на еден од доајените на ДПМ, писателот Александар Поповски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст