Филмскиот проект „Ејми“ на режисерот Асиф Kападија за животот на починатата пејачка Ејми Вајнхаус наскоро и официјално ќе биде запишан како британски документарец со најголема заработувачка во историјата.
На киноблагајните досега заработил 3.16 милиони фунти, а интересен е податокот што досегашен рекордер е документарецот „Сена“, посветен на бразилскиот возач на „Формула 1“, Аиртон Сена, на кој работеше истиот режисер.
На премиерата во јули Kападија нагласи дека луѓето што ќе го гледаат филмот ќе се чувствуваат виновни.
– Ејми беше девојка со ментални проблеми, а ние ја малтретиравме. Секој комичар или ТВ-водител со леснотија ја исмејуваше, а сега истите тие луѓе се згрозени од сопствените постапки. Таа беше редок талент, кој на сите им го привлече вниманието. Пишуваше и пееше од срце. За жал, се чинеше дека се распаѓа под притисокот на постојаното медиумско внимание, проблематичните приватни врски и опасниот начин на живеење. Ние како општество го славевме нејзиниот огромен успех, но потоа побрзавме да го осудиме нејзиниот пад – објасни Kападија.
Вајнхаус почина во 2011 година од алкохолно труење. Врвот на славата го достигна со албумот „Back to black’ од 2006 година, за кој освои пет награди „Греми“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст