Врховниот суд на Индонезија денеска ја објави пресудата според која семејството на поранешниот починат индонезиски претседател Сухарто, во државниот буџет треба да врати 325,6 милиони долари.
Овие средства биле злоупотребени од страна на наследниците на Сухарто преку фондацијата „Супершема“ во која компании уплаќале значајни средства што требало да бидат употребени за школување на талентирани ученици во Индонезија и во странство.
Акцијата за демистификација на Фондот на семејството на поранешниот индонезиски диктатор ја водел врховниот државен обвинител на Индонезија.
Според некои медиуми, семејството на Сухарто најголем дел од парите ги употребило за финансирање на предизборната кампања на минатогодишните парламентарни и претседателски избори. Во тоа време на повеќе собири на партиите од коалицијата, која ги загуби изборите, се навестуваше преиспитување на одлуките, според кои, полувоениот режим на Сухарто е прогласен за диктатура.
Сухарто ја раководеше Индонезија од март 1976 година до мај 1998 година. Во 1975 година тој застана на чело на генералскиот пуч и го смени Сукарто, претседателот на Индонезија, кој беше еден од тогаш највлијателните лидери на Движењето на неврзаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст